Вие имате прво да ја знаете вистината

Гори Клиничкиот центар Србија во Белград. Пожарот се уште не е угаснат, нема повредени

Пожар избувнал во Клиничкиот центар Србија во Белград во раните утрински часови, а според информациите пожарот избувнал во серверската соба полна со кабли и компјутери во делот на КЦС кој што се уште е во изградба.

На терен се 26 пожарникари и спасувачи со пет возила. Како што објавија соседните медиуми, од МВР е соопштено дека акцијата на гаснење на пожарот се уште е во тек. Во пожарот за сега нема повредени.

Евакуирани се работниците кои работат на градилиштето на Клиничкиот центар.

На првиот кат избувна пожар, сите бевме евакуирани, изјавил еден од работниците.

Наскоро се очекува пристигнување на истражните екипи на терен и повеќе информации околку несреќата што се случи во Клиничкиот центар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!