Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕУ ја тужи полска: Имаме сериозни сомневања за независноста и непристрасноста на полскиот суд

Европската комисија денеска покрена прекршочна постапка против Полска, поради неодамнешната одлука на полскиот Уставен суд, кој пресуди дека договорите на ЕУ се некомпатибилни со полското право, со што се нарушува приматот на правото на ЕУ.

Европската комисија соопшти дека има „сериозни сомневања за независноста и непристрасноста“ на полскиот Уставен суд.

– Комисијата смета дека пресудите на Уставниот суд од 14 јули 2021 и 7 октомври 2021 година ги прекршиле општите принципи на автономија, приматот, ефективноста и единствената примена на правото на Унијата и обврзувачкото дејство на пресудите на Европскиот суд на правдата. Освен тоа, Комисијата смета дека оваа судска пракса е спротивна на член 19 од Договорот за Европската унија, кој го гарантира правото на ефективна судска заштита, што резултира со лишување од целосни гаранции на поединци пред полските судови, се вели во соопштението на Комисијата.

ЕК заклучува дека ЕУ е „заедница на вредности и права“ и дека правата на Европејците според договорите на ЕУ мора да бидат заштитени, без разлика каде живеат во Унијата.

По покренувањето на оваа прекршена постапка, Полска ќе има рок од два месеци да одговори, се наведува во Брисел.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!