Вие имате прво да ја знаете вистината

Започнува ретроградна Венера во знакот на Јарецот. Подгответе се за неочекувани настани, враќање во минатото!

Само на овој начин би можеле да ги затвориме старите поглавја.

Моќта на Јарецот, знак кој го краси голема амбициозност и стремеж кон успех, ќе започне од 21 декември и ќе трае до 20 јануари. Оваа година ќе биде придружена од ретроградната Венера во знакот на Јарец, и ретроградниот Меркур, па затоа се очекуваат настани и искуства кои ќе не вратат во минатото.

Се преплавуваат спомените, се појавуваат луѓе кои одамна не сме ги виделе, оживуваме некои незаборавни ситуации од минатото. Се чини дека сите настани не подготвуваат за нешто многу важно. Ова ќе ни овозможи да го симнеме товарот што го носиме на себе со месеци, да ги затвориме старите поглавја и да продолжиме со владеењето на Водолијата со јасни намери за иднината.

Ретроградната Венера во Јарец значи дека начинот на односите со другите ќе ни биде тестиран. Се враќаме во минатото, размислуваме што се случило, ја поврзуваме причината и последицата. Излегуваат на виделина некои околности кои досега биле скриени и недостапни, околности кои сме не можеле да ги согледаме.

Често ќе се поставуваат прашања што се случува и што ќе се случи утре. Отвореното примање и давање на љубов ќе биде тешко, но таквите околности ни дозволуваат да се забавуваме со себе и да видиме колку сме задоволни од односите што ги негуваме и што ни е потребно за да бидеме среќни во љубовта.

Од што се плашиме ? Колку сме подготвени да ги отвориме нашите срца за љубов ? Дали веруваме дека заслужуваме да бидеме сакани ? Ова се само дел од прашањата кои ќе не следат во деновите што претстојат, ако не и поголемиот дел од следната година, која е под власта на Венера.

Празниците треба да ги поминете во мир, со многу храна и пијалоци, опкружени со блиски луѓе. Ќе се осеќаме како да ни треба повеќе мир и тишина. Новата година ќе ја дочекаме во малку поинакво расположение, евентуално во некој друг град, во поголемо општество, за некои тоа ќе преставува динамичен настан и исполнет со многу страст.

Од 14 јануари Меркур во Водолија почнува да се движи наназад, а тоа е астрлошкото влијание што веќе го доживеавме од 30 јануари до 21 февруари 2021 година, па настаните што ги доживувавме во тој период ќе бидат актуелни и во овој период. Добро е да се посвети поголемо внимание на комуникацијата, особено на онаа што се одвива виртуелно, бидејќи може да има одредени последици.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!