Вие имате прво да ја знаете вистината

За неполни три минути изгорел целосно автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков (фото)

За време на возење, автомобилот марка Мерцедес на претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков се запали вчера вечерта на обиколницата во близина на клучката наречена Мирковци. Автомобилот изгорел за неполни три минути, за среќа во несреќата нема повредени лица.

На ден 21.12.2021 (вторник) во 21:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница, во близина на клучка наречена Мирковци, настанал пожар во патничко возило во движење, со скопски регистарски ознаки, а сопственост на автомобилот бил Ѓ.М.(48) од Скопје, потврдуваат од МВР.

Пожарот бил локализиран од екипа на противпожарна единица на град Скопје, а во несреќата нема повредени лица нема. МВР наведува дека веќе е извршен увид на лице место.

Информацијата ја објави и Стопанската комора за енергетика на Македонија на својот официјален Фејсбук профил.

Експлозија во возилото во кое се возеше претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија г-дин. Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север, се наведува во објавата.

Во објавата се додава дека имало брза интервентна полиција, која била во близина и на противпожарната екипа, но сепак не успеале да го изгаснат пожарот на возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгорело до темел за неполни три минути.-Патниците се здрави и живи, се додава во објавата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!