Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел е првата држава во светот што ќе водеде вакцинација со четврта доза од вакцината против Ковид-19!

Израел денес соопшти дека планира да стане првата држава во светот што ќе воведе четврта доза од вакцината против вирусот Ковид-19 додека земјата се подготвува за нов бран на инфекции предизвикани како резлутат од новиот вид на вирусот, Омикрон.

Израелските експерти за пандемии препорачаа четврта засилена доза за лицата над 60 години и здравствените работници.

Премиерот, Нафтали Бенет го поздрави планот и им порача на официјалните лица да почнат да се подготвуваат за оваа акција.

Таквата одлука дојде откако Израел во вторникот ја потврди првата смрт на пациент заразен од новиот вид, Омикрон.

Министерството за здравство соопшти дека во Израел се регистрирани најмалку 340 случаи на оваа варијанта.

Одлуката за воведување на четврта доза сè уште чека одобрение од високи здравствени службеници, но канцеларијата на Бенет соопшти дека се надеваат дека ќе ја дадат дозата на луѓето најмалку четири месеци по примањето на третата доза.

Ова се прекрасни вести кои ќе ни помогнат да се справиме со бранот на видот Омикрон што го зафаќа светот, изјави Бенет, повикувајќи ги луѓето да ја примаат вакцината што е можно поскоро.

Кога првпат беа лансирани програмите за вакцинација против Ковид-19, вакцините беа брзо прифатени во Израел и многу луѓе ја примија вакцината веднаш.

Сепак, и покрај ова, само околу 63 отсто од 9,3 милиони жители примиле две дози вакцина. Ова е делумен процент затоа што Израел е релативно млада земја – околу една третина од населението во државата е под 14 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!