Вие имате прво да ја знаете вистината

Илон Маск: Продадов доволно акции за да си го исполнам даденото ветување

Извршниот директор на компанијата Тесла, Илон Маск, вели дека продал доволно акции за да го исполни ветувањето што го дал дека ќе продаде 10 отсто од акциите што ги поседува во највредната автомобилска компанија во светот.

Милијардерот, кој го пресели седиштето на компанијата од Калифорнија во Тексас овој месец, а претходно се пресели минатата година во Тексас, остро и директно ја критикуваше Калифорнија во интервју објавено во вторникот, поради прекумерните даноци.

Акциите на компанијата Тесла, кои се доближија до рекордни нивоа во текот на годината, изгубија околу 25 отсто откако Маск на 6 ноември објави дека ќе продаде 10 отсто од акциите во компанијата доколку потегот биде поддржан од неговите следбеници на социјалната мрежа Твитер.

Најбогатиот човек на планетата во вторникот продаде уште 583.611 акции, со што вкупниот број на акции што ги пушти на пазарот се искачи на 13,5 милиони, што е околу 80 отсто од сумата што планираше да ја продаде.

Продадов доволно акции за да добијам околу 10 отсто, плус опции за акции, изјави Маск во интервју за сатиричната веб-страница Babylon Bee.

Запрашан дали ги продал акциите поради анкета на Твитер, тој одговори дека мора да користи опции за акции (можност за купување акции на компанијата по привилегирана, однапред одредена цена) кои истекуваат следната година без разлика на се.

Тој исто така додаде дека продал дополнителни поединечни акции за да достигне близу 10 отсто.

Од 13,5 милиони продадени акции, 8,06 милиони се продадени за да се плати данокот на опции.

Маск во неделата на социјалната мрежа Твитер објави дека оваа година ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.

Калифорнија порано беше земја на можности, а сега станува се повеќе земја со прекумерна регулатива, прекумерни даночни оптоварувања, истакна тој, додавајќи дека работите стануваат се потешки и потешки во Калифорнија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!