Вие имате прво да ја знаете вистината

Катастрофално сценарио во најава: Глобалното затоплување може да предизвика нов бран на миграција од Блискиот Исток и Северна Африка!

Најавеното глобално затоплување особено ќе ги погоди Блискиот Исток и Северна Африка а со тоа ќе започне нови бегалски бранови, смета германскиот климатски научник, Јос Леливелд.

Оваа област стана жариште на климатските промени и се загрева многу побрзо од другите области, изјави здиректорот на Институтот за хемија, Макс Планк, во Мајнц.

Топлите бранови кои траат со недели, со температури кои растат до 56 степени целзиусови а на некој делови над 60 степени, би можеле да направат многу области во кои не би можело да се живее во втората половина на овој век. Ниту камилите не можат да преживеат на таква топлина, потенцираше Леливелд.

Топлотните бранови во комбинација со други фактори како што е силниот раст на населението, исто така, би го зголемиле притисокот на населението за миграција во западно Европские држави.

Леливелд вели дека ако глобалното затоплување не престане, просечната температура во регионот може да се зголеми за шест степени во лето.

Ова е сценарио е катастрофа, но не и невозможно, предупреди тој.

Просечната температура таму веќе е зголемена за речиси 2 степени од 1980 година, додаде тој.

На конференцијата за климатските промени, земјите ветија дека ќе се обидат да го запрат глобалното затоплување.

Научниците велат дека порастот на температурата особено ќе ги погоди земјите од Персискиот залив, но дека последици може да имаат и други области.

Либан, Сирија, Ирак и Израел, но и Египет ќе страдаат од поголема суша во иднина, изјави Леливелд, додавајќи дека пустините се шират се повеќе.

Делови од Сирија и Ирак доживеаја сериозни суши оваа година, што доведе до пад на придодните плодови и зголемување на цените на храната.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!