Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина затвори град со 13 милиони жители поради Ковид: властите внимателно ги следат нивните движења

Девет километри од Олимпиското село, во градот Ксиан, епидемијата брзо се шири, а денес се пријавени уште 52 пациенти.

Кина воведе карантин на град со 13 милиони жители поради брзото ширење на Ковид-19, четириесет и четири дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Од минатата година, Кина спроведува стратегија за „нулта стапка на ковид“, и прави сè што е можно за да ја ограничи појавата на нови случаи на инфекција, што е главно само неколку десетици дневно.

Иако таа бројка може да изгледа смешна во споредба со дневните бројки од другите делови на светот, сепак владата сака да биде двојно повнимателна со приближувањето на Зимските олимписки игри, кои почнуваат на 4 февруари.

Пекинг, домаќин на Летните олимписки игри 2008 година, ќе биде првиот град во светот кој ќе биде домаќин и на Зимските игри.

Девет километри од Олимпиското село, во градот Ксиан, епидемијата брзо се шири, а денес се пријавени уште 52 пациенти.

За да се спречи ширењето на вирусот, жителите ќе мора „да останат дома, освен во итен случај“, од полноќ во четврток (среда во 17 часот по средноевропско време), соопштија локалните власти.

Едно лице од секое домаќинство може да оди на шопинг „секој втор ден“, додаваат тие во соопштението.

Наредено е да се затворат сите фирми кои не се од огромно значење за животот, освен трговските центри, маалските продавници и медицинските установи.

Градските власти воведоа значителни ограничувања на движењето, а во вторникот почнаа да го следат и движењето на сите жители на градот.

Деведесет станбени населби се превентивно изолирани, без да се знае колку лица се опфатени со мерката.

Пред објавувањето на карантинот, жителите на Ксиан мораа да имаат дозвола да се качат во возот и да го напуштат градот, објави јавната телевизија CCTV.

Повеќе од 85 отсто од летовите до и од Ксиан се откажани, објави специјализираната веб-страница VariFlight.

Кина, каде што пред две години беа откриени првите случаи на коронавирус, досега добро ја контролираше епидемијата на своја територија.

Претходно овој месец, Кина го пријави првиот случај на екстремно заразна омикронска варијанта на коронавирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!