Вие имате прво да ја знаете вистината

Левандовски: Зборовите на Меси за време на доделувањето на Златната топка ме навистина трогнаа!

Еден од најдобрите фудбалери на планетата, напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, во интервју за германски медиуми изјави дека е трогнат од говорот на Лионел Меси кој ја освои Златната топка за која многумина веруваат дека таа оваа година требаше да му припадне токму на Полјакот.

Левандовски, доби утешна награда како најдобар напаѓач. Додека Меси при доделувањето на наградата во изборот за најдобар фудбалер во календарската година изјави дека оваа година требало да му припадне златната топка на напаѓачот на баварскиот клуб.

Зборовите на Меси на доделувањето на наградата навистина ме трогнаа. Добив впечаток дека не се празни, туку искрени. Тоа беше убав момент во мојата кариера, изјави Левандовски, а потоа откри како поминала комуникацијата со аргентинскиот фудбалер.

Разменивме само неколку зборови лице в лице, бидејќи мојот шпански не е толку добар, а Лео не зборува англиски. Зборував со Килијан Мбапе на англиски, а тој го преведуваше на Меси. Беше голема ноќ, и ноќ за паметење, истакна Полјакот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!