Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко доби продавница: ФАН-ШОП кој продава сувенири посветени на белорускиот лидер отворена во Минск

Во Минск е отворена попап продавница во која се продаваат сувенири инспирирани и посветени на белорускиот лидер Александар Лукашенко.

Отворањето на „фан шоп“ е нешто неочекувано во земјата каде во 2020 година беа организирани масовни протести против Лукашенко и поради наводна изборна кражба, оценува RT.

Видео од продавницата е објавено на каналот Телеграм, кој го водат самонаречените обожаватели на ликот и делото на Лукашенко, кој владее со Белорусија од 1994 година.

На видеото се гледа толпа луѓе кои чекаат во продавницата „Прв“, што е алузија на статусот на Лукашенко како прв лидер на земјата по независноста, за да купат маици, чаши и шолји со ликот или цитати на Лукашенко.

Локалните медиуми наведуваат дека самиот Лукашенко за роденден добил маица со неговите цитати. Групата од Телеграм, „The Pool of the First“ ги смири сите што не успеаја да ја купат робата, порачувајќи им дека имаат залиха и дека ќе направат нови.

Западот и опозицијата го обвинуваат Лукашенко за кражба на претходните претседателски избори, што тој го негира. Изборите на кои тој доби нов мандат предизвикаа масовни протести во земјата, кои Лукашенко брутално ги потисна.

Протестите стивнаа со текот на времето, но Брисел сега го обвинува Лукашенко дека е одговорен за мигрантската криза на источната граница на ЕУ, што тој исто така го негира и се заканува дека ќе го затвори шиберот и ќе ја остави оваа зима Унијата без рускиот гас да минува низ Белорусија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!