Вие имате прво да ја знаете вистината

Мали БЦ во тимот на Таче: Во шемите на Димитар Ковачевски има место за Шема, Игор Ивановски се “враќа” во политиката!? (фото)

Поранешниот генерален секретар, Потпретседател на СДСМ, Претседател на СДММ и пратеник во македонското Собрание, Игор Ивановски Шема ќе биде дел од новиот тим на Димитар Ковачевски Таче во СДСМ. Во овој момент се прават калкулации дали да биде дел од партиското, дел од владиното раководство или во двете структури.

Ивановски не одговори на пораките на порталот Во центар да ги потврди или демантира овие вести. Иако, неговата близина со Ковачевски датира уште од младинските денови во партијата. Ивановски беше врската која му овозможи на Ковачевски да има една или две средби со Бранко Црвенковски кога тој беше Претседател на РМ.

Остана неразјаснета улогата на Ивановски и членови на неговото семејство во кампањата на “независната” Данела Арсовска на локалните избори во Скопје. На директното прашање на Владимир Трајковски од Родина, на дебатата на МРТВ, Арсовска не одговори дали братот на Ивановски е шеф на нејзиниот изборен штаб. Но, на својот прв телевизиски настап како кандидадт за градоначалник на Скопје, на ТВ Сител, Данела посочи само едно име кое ќе биде дел од нејзиниот тим на изборите, докторот Виктор Камнар кој е во кумовски односи со Ивановски.

Во емисијата Во Центар беа објавени фотографии на Ивановски со сопругот на Данела Арсовска, како и фотографии на Ивановски со Драги Митковски кој беше десна рака на Данела Арсовска во Сојузот на стопански комори, а во политичките кулуари се шпекулираше дека тој е близок пријател и “книговодител” на Никола Груевски.

Сега Ивановски се враќа во тимот на Ковачевски кој сака да покаже капацитет за обединување и да врати во СДСМ дел од старата екипа на Црвенковски. Проблемот е што Ивановски и Црвенковски долго време не се во добри односи, а Ивановски кој долги години беше нарекуван мали БЦ не му има простено на БЦ дека не застанал зад него на партиските избори во 2013 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!