Вие имате прво да ја знаете вистината

Маск откри што смета за најголема закана за модерната цивилизација: „Дали сакаме општество без хумор?!“

Илон Маск, извршен директор на Tesla и SpaceX, мултимилијардер и според последните проценки, најбогат човек на светот, го критикуваше трендот „woke“(будење) и го исмејуваше CNN во интервју за конзервативната сатирична веб-страница Babylon Bee, нарекувајќи ја политичката коректност една од најголемите закани за цивилизацијата.

Патем, терминот „woke“ во современите културни војни често се користи на англиски јазик за оние кои сакаат да ги сигнализираат своите доблести, односно да ја истакнат својата чувствителност на теми како расна или родова нееднаквост, разни согледани социјални неправди итн. Во зависност од тоа од која страна на социјалната дебата доаѓа некој, терминот може да се сфати како пофален или погрден.

Во „жешкото“ интервју, емитувано во вторникот вечерта, Маск протестираше против обидите на „културата на откажување“ на комичарот Дејв Шапел и рече дека „вирусот на будење е несомнено една од најголемите закани за модерната цивилизација“, објави RT.

„Треба да е во ред да се биде духовит. „Wokeness“ во основа сака да ја направи комедијата нелегална, што не е кул“, рече милијардерот, прашувајќи: „Дали сакаме општество без хумор што е само полно со осуда и омраза?“

За време на интервјуто, Маск се осврна и на CNN во околностите кога еден од продуцентите на таа медиумска мрежа, Џон Грифин, беше обвинет за голем број шокантни сексуални злосторства поврзани со малолетници овој месец.

Откако еден од презентерите сугерираше дека Маск „може да биде на CNN во моментов“, што е „вистинска новинарска организација“ за разлика од Бабилон Би, Маск одговори: „Претпоставувам дека не сум доволно перверзен“.

Аналитичарот на Си-Ен-Ен, Џефри Тубин, исто така беше испратен на одмор минатата година, откако беше фатен како мастурбира за време на онлајн состанок.

Babylon Bee ја исмеа серијата скандали на CNN овој месец со наслов: „Одделот за човечки ресурси на CNN размислува да го додаде прашањето „Дали си морничав перверзник? на барање за вработување“.

Маск во вторникот коментираше и за т.н метаверсот на неговиот колега, извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, коментирајќи: „Мислам дека сме далеку од некакво губење во метаверс. Звучи едноставно неверојатно“.

„Не сакам да бидам како некој стар човек кој го отфрла интернетот“, рече Маск, истакнувајќи дека сè уште „не може да види убедлив метаверс во моментов“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!