Вие имате прво да ја знаете вистината

Мијалков излегува на „слобода“! Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата дадена од 11.106.501 евра со што поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, излегува од притвор.

Апелацискиот суд, Мијалков ќе излезе од притвор откако ќе биде приложена финансиската гаранција со која мерката притвор се преиначува во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Гаранцијата над 11 милиони евра се состои и во недвижен и во подвижен имот, а Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на осум години затвор.

Тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“. Во „Тортура“, пак, доби ослободителна пресуда.

Сашо Мијалков се наоѓа во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!