Вие имате прво да ја знаете вистината

НБА лигата не планира да воведува пауза поради ситуацијата со Ковид-19 во САД

Најелитната кошаркарска лига во светот, НБА, не планира да воведе пауза поради зголемениот број на заразени со лица со вирусот Ковид-19, изјави комесарот на лигата, Адам Силвер.

Ги разгледуваме сите опции, но не ми е јасно каква би била логиката ако сега воведеме пауза. Се наоѓаме во ситуација за која знаевме дека ќе биде така уште пред неколку месеци. Знаевме дека нема да го надминеме вирусот и дека треба да се научиме да живееме со него, изјави Силвер.

Поради вирусот Ковид-19, од минатата недела па се до сега се одложени седум натпревари во НБА лигата, а во здравствениот протокол за изолација се ставени 84 играчи од 20 екипи.  

Еден ден претходно, хокеј лига во САД, НХЛ и синдикатот на играчи се договорија да ги одложат натпреварите поради вирусот и порано да ја започнат со натпреварување по празничната пауза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!