Вие имате прво да ја знаете вистината

Неколку руски војници затрупани под лавина снег!

Тројца руски војници се извлечени од под лавина предизвикана од снег во реонот на тунелот Роски, а се трага по уште двајца војници, изјави за медиумите началникот на прес-службата на Јужниот воен округ, Вадим Астафјов.

Како последица на лавината од снег на јужната страна на порталот „Транскавкаска железница“ во Јужна Осетија, пет војници на Јужниот воен округ се најдоа под снегот, изјавил Астафјов.

На тројцата војници им била укажана прва помош, нивната состојба во моментот е безбедна.

Во овој момент продолжува потрагата по уште двајцата војници, додаде тој во изјавата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!