Вие имате прво да ја знаете вистината

Нема најава за нова средба помеѓу Бајден и Путин се додека не се намалт тензиите

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денес изјави дека нема планови за средба во четири очи на претседателот Џо Бајден со неговиот руски колега, претседателот, Владимир Путин, поради тензиите околу трупањето на руски војници на границата со Украина.

Мислам дека на прво место треба да видиме дали има дипломатски напредок помеѓу двете држави, изјави Блинкен на брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето дали може да се одржи лична средба во обид да се намалат тензиите.

Тој изјави дека САД сакаат да видат дека Русија спроведува демократија и ги поместува воените сили од границата со Украина и ги намалува моменталните тензии.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!