Вие имате прво да ја знаете вистината

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен !? Срѓан Ѓоковиќ: Ќе почекаме до Ролан Гарос за рекордниот 21 трофеј на Новак!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, не е оптимист за учеството на неговиот син на претстојниот Гренд Слем, Австралија Опен.

Со оглед на тоа што Новак Ѓоковиќ не сака да открие дали е вакциниран, а се претпоставува дека не е имунизиран, останува дилемата дали воопшто ќе учествува во Мелбурн, со оглед на строгите правила во провинцијата Викторија каде се одржува турнирот.

Претходно Срѓан Ѓоковиќ објасни дека Новак нема да дозволи никој да го уценува и дека е поблиску до одлуката да не оди на турнирот, што сега Срѓан еден вид и ја потврди.

Дали сакаат да го пуштат, не само него, туку и сите други тенисери, е прашање на државата во која се игра Австралија Опен. Ако така одлучиле, нека се однесуваат така. Тој го освои тој турнир девет пати и би сакал да дојде да игра повторно. Ако не му дозволат, ќе играат. Тој ќе работи во животот онака како што мисли дека е најдобро за него и никој нема да му го наметнува неговото мислење. изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Срѓан Ѓоковиќ изјави дека Новак ќе треба да почека до Ролан Гарос за освојување на својот рекорден 21. Гренд Слем.

Па, ќе почекаме до Ролан Гарос, што да правиме. Ноле ќе има уште неколку Гренд слемови до крајот на кариерата. Уште четири или пет, самоуверено изјави Срѓан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!