Вие имате прво да ја знаете вистината

Оваа девојка беше најголемата љубов на Бред Пит а го остави неочекувано само неколку недели пред венчавката (фото)

Иако Бред Пит и Анџелина Џоли беа избрани за најубавата холивудска двојка досега, актерот стапи во врска со актерката во текот на 90-тите години, и според многумина таа беше неговата најголема љубов.

Многумина се сеќаваат на бројните романси на холивудскиот заводник Бред Пит. Така, помеѓу другото, Бред имаше неколку врски со негови колешки односно актерки во текот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, а најголем впечаток оставија неговите врски со Џулиет Луис и Робин Гивенс.

Сепак, во 1994 година, актерот започна врска со американската актерка Гвинет Палтроу. Иако венчавката веќе била закажана, Гвинет во последен момент решила да ја откаже.

Тие се запознале за време на снимањето на филмот „Seven“, во режија на Дејвид Финчер. Пред филмот да оди во монтажа, тие веќе биле во љубовна врска. Покрај тоа, двојката беше топло прифатена од јавноста и публиката ги обожаваше заедно бидејќи им здодеа да ги гледаат врските на Ким Бесинџер и Алек Болдвин како и врската на Деми Мур и Брус Вилис.

Две години подоцна, во 1996 година, беше објавена наводната нивна венчавка. И додека таа свечена церемонија со неизвесност се чекаше, дојде до пресврт кој никој не го очекуваше. Парот на неколку недели пред планираната венчавка објави дека го одложува бракот без да ја открие причината, но со напомена дека се уште ги врзува силна љубовна врска.

Тие раскинаа десет месеци подоцна по патувањето во Париз. Само неколку години потоа, кога актерката раскина од врската со тогаш, Бен Афлек, таа изјави дека се откажала од бракот со Бред затоа што мислела дека е млада за толку голем чекор во животот.

Бев дете! Имав само дваесет и две години кога се запознавме. Кога наполнив четириесет години, сфатив колку сум млад и глупава на таа возраст. Не бев подготвена, а тој беше премногу добар за мене во тоа време, изјави Гвинет.

Она што е уште поинтересно за врската на Гвинет со Бред Пит е тоа што во текот на врската тие почнаа да си личат еден на друг, а јавноста тоа секако го забележа.

Гвинет неодамна ги насмеа сите коментирајќи токму на таа тема. Имено, актерката оставила урнебесен коментар за Бред на Инстаграм кога повторно била лансирана оваа приказна во која Бред Пит се опишува себеси како човек кој сака да изгледа исто како своите девојки, на што Гвинет одговорила: Или ние само сакаме да личиме на него.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!