Вие имате прво да ја знаете вистината

Паника во Бундестагот: Двајца пратеници позитивни на Омикрон

Видот Омикрон, кој произлегува од вирусот Ковид-19, предизвикува проблеми и во германското здравство, а сега влезе и помеѓу во седиштата на германскиот Бундестаг.

Според соопштението на Бундестагот, на конститутивната седница на Комисијата за одбрана присуствувале двајца пратеници кои биле заразени со Ковид-19, а како што е потврдено тие пратеници биле заразени со видот Омикрон.

Секретаријатот на Комисијата за одбрана испрати писмо до пратениците во кое ги информира дека на седницата минатата среда присуствувале двајца пратеници кои тогаш биле заразени со Ковид-19.

Последица на ова е тоа што апликацијата за предупредувањето од Ковид-19 издаде црвено предупредување до бројни пратеници од Бундестагот.

Инаку, пратениците кои присуствуваат на седниците на собраниските комисии мора да носат маски, но најчесто ги симнуваат при обраќањето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!