Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради недостиг од компири Јапонците во солзи: Мекдоналдс мораше да донесе тешка одлука

Уште ова лето се слушнаа предвидувања дека светот ќе биде погоден од недостиг на компири поради големите суши и катастрофални поплави и прекини во снабдувањето предизвикани од пандемијата.

Една од првите жртви на недостигот беше Мекдоналдс во Јапонија, или Макудо или Маку како што го нарекува Тао, кој реши да ги намали порциите помфрит. Повеќето компири се увезуваат од Северна Америка, но увозот е отежнат од големите поплави во Канада и пандемијата на Ковид-19 во САД, пишува Гардијан.

Мекдоналдс во Јапонија објави дека ќе продава само мали порции помфрит една недела почнувајќи од петок за да избегне недостиг.

– Поради големите поплави во близина на пристаништето Ванкувер и нарушувањата на глобалниот синџир на снабдување предизвикани од пандемијата на коронавирус, има застој во снабдувањето со компири, известија тие.

Компанијата објави дека презела чекори за да им обезбеди на клиентите доволни количини компири, иако „безбедната набавка на суровини“ се покажа како проблематична.

Популарниот ланец за брза храна имаше сличен проблем во декември 2014 година поради работен спор што се одвиваше на другата страна на Пацификот.

Во тоа време, повеќе од 3.000 ресторани на Мекдоналдс во Јапонија, најголемиот азиски пазар за американски производи од замрзнат компир, објавија дека ќе продаваат само мали порции компири во догледна иднина поради долготрајниот спор меѓу 20.000 пристанишни работници и оператори на терминали и бродски линии во 29 пристаништа на западниот брег на САД.

Јапонскиот Мекдоналдс потоа презеде итни мерки и увезе 1.000 тони замрзнати компири по воздушен пат.

Најновото ограничување доаѓа во најфреквентниот период од годината кога училиштата и канцелариите се затвораат поради празниците.

Мерката ќе стапи во сила и на самиот Божиќ, кој во Јапонија обично се слави со обилни порции во друг американски ресторан за брза храна – KFC, кој исто така е преполн за време на празниците.

Во меѓувреме, глобалниот недостиг на микрочипови предизвикан од пандемијата продолжува да ги мачи производителите на автомобили, вклучително и Тојота, која најави намалување на производството поради кризата и проблемите со синџирот на снабдување во Југоисточна Азија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!