Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин упати писмо до Вучиќ по повод новогодишните и божиќните празници! Ви посакувам мир и просперитет!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Александар Боцан-Карченко, кој му врачи писмо од рускиот претседател, Владимир Путин со честитки по повод претстојните новогодишни и божиќни празници.

Во писмото помеѓу другото се наведува:

Нашите неодамнешни преговори во Сочи целосно ја потврдија силата на стратешкото партнерство помеѓу Русија и Србија и ни овозможија да зацртаме нови перспективи за заемно корисна соработка во повеќе насоки.

Со нетрпение очекувам да го продолжиме конструктивниот дијалог со вас и да соработувам тесно за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда. Ова одговара на основните интереси на нашите братски народи и придонесува за обезбедување стабилност и безбедност на европскиот континент.

Ви посакувам вам, на вашето семејство и на најблиските добро здравје, успех и просперитет, а на сите граѓани на Србија – мир и просперитет – се наведува во честитката на претседателот Путин до претседателот Вучиќ.

Заблагодарувајќи се за писмото, Вучиќ уште еднаш му изрази благодарност на Путин за топлото добредојде во Сочи и за пријателските разговори што ги имаа во таа прилика.

Во оваа прилика, Вучиќ и Боцан-Карченко разговарале и за напредокот на билатералната соработка на различни полиња, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!