Вие имате прво да ја знаете вистината

Расте поддршката на граѓаните за влез во НАТО: Зошто се менува ситуацијата во Украина?

Расте поддршката на граѓаните на Украина за влез во НАТО, а членството во западната воена алијанса првпат го поддржуваат мнозинството граѓани на таа земја, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Белград, повикувајќи се на резултатите од ноемвриската анкета на јавното мислење.

Според податоците од првата половина на ноември, 54 отсто од украинците се изјасниле дека ќе гласаат „за“ на референдумот за влез на Украина во НАТО, 28 отсто биле против, а 18 отсто не гласале.

Резултатите од истражувањето спроведено во 2012 година покажуваат дека само 14 отсто од Украинците го поддржале членството во НАТО, а 62 отсто биле против.

Во април 2014 година, по почетокот на руската вооружена агресија против Украина, нивото на поддршка за членство во НАТО се искачи на 37 отсто, а 42 отсто од Украинците беа против, додека во ноември 2015 година процентот на Украинци кои го поддржуваат членството во НАТО се искачи на 48 отсто и првиот пат го надмина процентот на оние кои се против – 33 отсто, се вели во соопштението на амбасадата.

Во соопштението се заклучува дека „очигледно е дека руската вооружена агресија против Украина ги променила ставовите на мнозинството од населението на Украина кон НАТО“ и дека „интензивирањето на агресивните дејствија на Кремљ против Украина само ја зајакнува поддршката за интеграцијата во НАТО меѓу граѓаните“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!