Вие имате прво да ја знаете вистината

Сергеј Лавров открива што би можело да се случи доколку Грузија стане членка на НАТО: Немојте да ги поминете црвените линии!

Русија ситуацијата за можното влегување на Грузија во НАТО ја гледа како обид за насилно повлекување на таа држава кон Алијансата, а тоа го сметаат како надминување на црвената линија, предупреди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за време на прес-конференција одржана минатиот ден.

Лавров го искажа ова предупредување за време на разговорите со неговите колеги од Абхазија и Јужна Осетија, но не презентираше хипотетички сценарија во случај на насилно повлекување на Грузија од Северноатлантската Алијанса и одењето против волјата на мнозинството грузиски граѓани.

Нашиот став во однос на проширувањето на НАТО е добро познат: Доколку Алијансата продолжи да се шири кон руската граница, ќе ја премине црвената линија, предупредува Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи потсети дека руските предлози за европската безбедност недвосмислено упатуваат на заклучокот дека, Русија е искрено заинтересирана да го спречи негативниот развој на сценарија предложени од некои стратези на НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!