Вие имате прво да ја знаете вистината

Среќни вести од Белата куќа: Семејството на Бајден доби нов член, претседателот на САД се пофали на Твитер (видео)

Американскиот претседател, Џо Бајден, го претстави најновиот член на неговото семејство, односно станува збор за чистокрвно кученце од расата на германски овчар, кое го доби името, Командант.

Во исто време, од кабинетот на првата дама во САД, Џил Бајден објавија дека мачето, која вети дека ќе ја донесе во Белата куќа, пред речиси една година, мачето конечно му се придружи на семејството Бајден во јануари.

Веста за новороденото кученце, сепак, не беше толку добра за другото куче на семејството Бајден, бидејќи семејството одлучи дека е најдобро нивниот друг германски овчар, по име Мајор, да живее во потивка средина со други луѓе односно пријатели на Бајден, по неколку инциденти со гризење предизвикани од тоа куче

На својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, Бајден сподели фотографија од тримесечното куче со натпис, Добредојдовте во Белата куќа, Команданте.

Тој објави и кратко видео на кое тој си игра со миленичето односно му фрла топка на кученцето и на кое се гледа како во Белата куќа навистина донесе радосни вести ова кученце.

Кутрето е родено на 1 септември а пристигнало во Белата куќа во понеделникот попладне, како подарок од братот на претседателот, Џејмс Бајден и снаата, Сара Бајден, изјави портпаролот на првата дама, Мајкл Ла Роса.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!