Вие имате прво да ја знаете вистината

Срѓан Ѓоковиќ: Новак не оди на Австралија Опен? Ќе го чекаме Ролан Гарос за 21. титула

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, зборуваше за учеството на првиот светски тенисер на Австралија Опен.

Останува неизвесноста околу можноста на српскиот ас да оди во Мелбурн, пред се поради строгите правила за вакцинација на австралиската држава Викторија.

Новак остана таинствен, не откри дали е вакциниран и повика на трпение за конечната одлука околу настапот.

„Дали сакаат да го пуштат, тоа е нивна работа. Ако така решат, нека постапат. Девет пати беше шампион на Австралија опен, сака да игра и сега, но ако му дозволат. Ќе прави како што мисли инајдобро му е, никој нема да му наметне мислење“, изјави Срѓан Ѓоковиќ за телевизијата К1.

Бурата е уште поголема ако се земе во предвид дека Новак е рамен со Роџер Федерер и Рафаел Надал со по 20 Грен слем титули, а Мелбурн е негов терен и можност да ги надмине.

„Што да правиме ако не замине… Ќе го чекаме Ролан Гарос и 21. Грен слем“, остави простор Срѓан, но и рече дека верува оти Новак ќе стане апсолутен рекордер.

„До крајот на кариерата ќе освои уште неколку. Верувам четири или пет“, рече Ѓоковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!