Вие имате прво да ја знаете вистината

Студентка запознала дечко преку интернет и исчезнала: Полицијата ја пронашла гола, врзана и покриена со јаглен

Студентката од Јута, Медлин Ален исчезна минатата недела, а сега полицијата ја пронајде во домот на 39-годишниот киднапер Брент Браун. Мажот е уапсен и осуден за лишување од слобода, како и за сексуално и физичко малтретирање, пишува NBC.

Исчезнувањето на студентката го пријавило нејзиното семејство на 13 декември, а таа ја напуштила својата соба во студентскиот кампус тој ден во 9 часот. Според снимките од надзорните камери, Медлин ја напуштила студентската зграда во 21:22 часот. Нејзините родители пријавиле дека исчезнала, а потрагата завршила пет дена подоцна кога била пронајдена и вратена кај нејзиното семејство.

„Пресреќни сме што сега е безбедна. Сега е безбедна со нас, но она што го помина е страшно и трауматично. Не можеме ни да разбереме низ што поминала. Таа е борец, храбра е. Благодарни сме дека таа е повторно со нас и ќе и помогнеме да се опорави “, изјави нејзиното семејство.

Студентката била спасена од подрумот, каде што била пронајдена гола и покриена со јаглен, откако исчезнала минатата недела откако се запознала со своето момче преку Интернет. Според инспекторите кои работат на случајот, Брент ја земал дента кога исчезнала и ја однел во град оддалечен 140 милји од нејзиниот студентски кампус. Родителите се загрижиле кога таа без никаков контекст им испратила порака „Те сакам“. Откако Медлин престанала да им се јавува, тие повикале полиција.

Полицијата успеала да го лоцира сигналот на нејзиниот мобилен телефон и почнала да ја пребарува областа. Така стигнале до куќата на Брент, а тој им ја отворил вратата, но не сакал да ги пушти да влезат без дозвола од неговите родители, кои го поседуваат имотот. Еден од инспекторите низ прозорецот од подрумот забележал дека се движи лице со светла коса и ситна градба. После тоа добиле дозвола од родителите да упаднат во куќата и во подрумот нашле девојка која била врзана гола и целосно покриена со јаглен. Во истиот подрум имало комплет ножеви и пушка. Подоцна беше откриено дека Брент го зел мобилниот телефон на девојката и го исклучил.

Тој и го вратил само еднаш за да може да им испрати порака на родителите, а истражителите биле тие кои успеале да ги пронајдат со тој сигнал. Девојката рече дека Браун неколку пати ја силувал и давел. Тој се заканувал дека ќе и наштети на нејзиното семејство доколку таа замине или некому каже каде е.

Браун и признал на полицијата дека ја врзал додека бил на работа, но дека и оставил храна и и дозволил да користи тоалет. Медлин разговарала и со полицијата, која и кажала дека Браун ја натерал да се соблече кога дошла во неговиот дом и дека повеќе не и дозволува да се облекува. Тој и се заканил дека ќе ја удри со појас ако се облече.

„Се молиме нашата драга Меди да го преживее сето ова и да продолжи понатаму, а во иднина повторно да најде среќа и радост“, рекла нејзината мајка Тауња Ален, пренесува NBC.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!