Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија во Мадагаскар: Потона товарен број, најмалку 64 лица го загубија животот

Најмалку 64 лица го загубија својо живот кога брод со нелегални патници потона кај североисточниот брег на Мадагаскар, а започната е потрагата по 24 исчезнати лица, соопшти денес Агенцијата за поморска и речна навигација на АПМФ.

Во соопштението се наведува дека се пронајдени дополнително 50 преживеани патници.

Товарниот брод, кој не бил овластен да превезува луѓе, бил преоптоварен и водата го поплавила моторот по што тој набргу потонал.

Бродот со име Франција, го напушти пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара рано наутро во понеделникот.

Бродот е регистриран како товарен брод, а не за превоз на патници, додека Антанамбе не е официјално пристаниште, изјави генералниот директор на АПМФ, Жан Едмонд Рандријантенен, додавајќи дека бродот очигледно потонал поради дупка во трупот низ која влегла вода.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!