Вие имате прво да ја знаете вистината

Турција разви вакцина против вирусот Ковид-19! Турковац пуштена во итна употреба

Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека турската вакцина против вирусот Ковид-19, наречена Турковац добила одобрение за итна употреба во борбата против вирусот.

Министерот присуствуваше за време на сериското производство на неактивната турска вакцина Турковац во комплексот сместен во Индустриската зона во Шанлиурфа, а на настанот преку видео конференција присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Коџа изјави дека вакцината ги поминала сите фази на тестирање и дека денеска добила дозвола за итна употреба и е пуштена во сериско производство.

Почитуван претседателе, се наоѓаме во еден од производствените капацитети во Шанлиурфа. По 50 години добивме вакцина која во целост ја развија турски научници. По 24 години започнуваме сопствено производство на вакцини. Денеска стануваме една од деветте земји во светот кои произведуваат вакцини против вирусот Ковид-19, изјави Коџа.

Коџа додаде дека тестовите покажале дека турската вакцина е исклучително ефикасна во борбата против вирусот Ковид-19 и додаде дека Турција ќе премине на масовна употреба на вакцините Турковац веќе од следната недела.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!