Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос во Кралскиот Клуб! 11 фудбалери на Реал Мадрид заразени со Ковид-19, откриени уште два нови случаи!

Тешка ситуација ја погоди екипата на Реал Мадрид. Екипата пред натпреварот од шпанската Ла Лига против екипата на Атлетико Билбао, имаат 11 фудбалери кои се заразени со вирусот Ковид-19, а натпреварот не е деозволено да се одложи!

Да потсетиме, помеѓу првите позитивни на тестот за Ковид-19 се најдоа Лука Модриќ и Марсело, списокот подоцна го проширија Герет Бејл, Марко Асенсио, Андреј Луњин и Родриго, додека помеѓу последните заразени со вирусот се Иско и Давид Алаба.

Кралскиот клуб од Мадрид не се стекнаа со право на одложување на натпреварот, бидејќи имаат 14 пријавени фудбалери кои се на располагање за играње.

Во спротивно, доколку нема дополнителни промени, натпреварот помеѓу Реал Мадрид – Атлетик Билбао ќе се одигра денес (среда) со почеток во 21:30 часот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!