Вие имате прво да ја знаете вистината

Хилари Клинтон удри по Доналд Трамп: Тој е голема опасност. По ова следуваше одговор од поранешниот претседател на САД!

Хилари Клинтон, поранешната кандидатка за претседателка, која загуби на изборите во 2016 година против Доналд Трамп, и покрај тоа што победи нејзината партија на последнитен избори, таа повторно ја напаѓа администрацијата на поранешниот претседател.

Хилари Клинтон во неделата го промовираше својот нов политички трилер наречен, Состојба на терор, за кој призна дека се базира на нејзиниот ривал од 2016 година, поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во своето трето интервју овој месец, поранешната прва дама на САД, го обвини Трамп дека ги организирал немирите во Капитол на 6 јануари и изјави дека е опасен за државата.

Нејзиниот неодамнешен медиумски напад поттикна гласини дека Клинтон го тестира јавното мислење за можната нејзина претседателска кандидатура за изборите во 2024 година, откако е се повеќе веројатно Трамп повторно да учествува во трката за претседател, а таа тоа го нарече како закана за демократијата.

Водителката на утринската емисија на CNN, Фарид Закарија, праша за тврдењата дека нејзиниот нов роман е всушност напад врз поранешниот претседател Трамп.

Откако го доживеав тоа претседателство, кога дојде време да напишам политички трилер со мојата пријателка и соработничка Луиз Пени, секако ја опишав реалноста што сите ја доживеавме, се објасни Клинтон, додавајќи дека тоа е добар трилер за состојбата во САД.

Во изјавата за DailyMail, портпаролот на Трамп даде исто така свое мислење за овие настани, а тоа гласеше: Изгледа дека долгогодишната губитничка Хилари Клинтон препозна дека нејзиниот единствен атрибут за пазарот е тоа што загуби од претседателот Доналд Трамп.

Тоа е тажна реалност за Хирали, но во неа нема ништо возбудливо, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!