Цената на гасот во Европа за прв пат во историјата достигна цена од 2.150 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
За време на отварањето на тргувањето, вредноста на јануарските фјучерси на холандската берза ТТФ изнесуваше 1.800 долари. Во текот на денот цената постојано осцилира, а во 18:04 часот минатиот ден, таа достигна 2.187 долари – тоа е за 27 отсто повеќе од претходно (1.716,7 долари)
Експертите го објаснуваат наглиот раст на цените поради неколку фактори: полупразните магацини во Европа, намалената понуда и големата побарувачка за течен природен гас во Азија.