Вие имате прво да ја знаете вистината

Ја одбил вакцината против вирусот Ковид-19 па платил со живот: Почина белгиски кик-боксер

На 42-годишна возраст почина Фредерик Синистра. Белгискиот кик-боксер во кариерата доби многу борби но ја загуби најважната борва, борбата за животот против вирусот Ковид-19.

Синистра не бил вакциниран, вирусот Ковид-19 го нарекол мал вирус и се борел и бил бунтовник против владините мерки, откри неговиот тренер, Осман Јигин за белгиските медиуми.

Јигин беше тој што го натера Синистра да оди во болница кога се зарази со вирусот кон крајот на ноември а подоцна и ја изгуби битката.

Кикбоксерот објави неколку фотографии и видеа од болницата на кои лежи во болнички кревет и тешко дише и очајно се бори за својот живот.

Подоцна ја напуштил болницата на своја одговорност, решил да се лекува и починал во својот дом неколку дена подоцна по напуштањето на Ковид центарот.

Ќе се вратам илјада пати посилен, напиша во последната објава на својот Инстаграм профил на 13 декември, а почина три дена подоцна.

Тој зад себе сами ги остави својата фамилија односно сопругата и двете деца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!