Вие имате прво да ја знаете вистината

Археолозите од Израел со големо открите во водите на Средоземното море, пронајдоа скапоцен прстен (фото)

Археолозите откриле вредни артефакти зачувани во длабочините на Средоземното Море, недалеку од античкиот град Цезареја.

Тие пронајдоа бројни потонати вредни предмети, како и стотици римски и средновековни сребрени монети.

Сè е пронајдено во последните два месеци при подводно истражување спроведено од Одделението за морска археологија на израелската управа за антиквитети.

Други артефакти пронајдени на локација во близина на античкиот град вклучуваат фигури, ѕвона, керамика и метални артефакти кои некогаш биле дел од бродовите кои патувале низ Средоземното море, како што се клинци и скршено железно сидро.

Израелската управа за антиквитети укажа дека за време на акцијата, тие успеале да пронајдат многу вреден римски златен прстен со скапоцен камен, чиј скапоцен камен носи врежан лик на овчар кој носи овца преку рамениците.

На скапоцениот камен е изгравиран ликот на „добриот овчар“, кој навистина е еден од најраните симболи на христијанството, изјави директорот на одделот за монети Роберт Кол, кој предметот го нарече како од голема вреднот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!