Вие имате прво да ја знаете вистината

Банана бизнисот цвета и во Црна Гора: Црногорски бизнисмен и неговата ќерка обвинети за шверц на дрога во пакети од банани

Вишото државно обвинителство во Подгорица поднесе обвинителен акт против Будимир и Марина Крстовиќ за шверц на повеќе од 1,2 тони кокаин. Вишото државно обвинителство денес по донесувањето на одлуката го соопшти следното:

„По спроведената истрага и анализа на сите собрани докази и податоци, Вишото државно обвинителство во Подгорица на 23.12.2021 година поднесе обвинителен акт против обвинетите Б.К и М.К., за сторено кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотични дроги. Кокаин во количина од 1.206.253 килограми, за што е поднесено обвинение до Вишиот суд во Подгорица за одлучување по истото“, се вели во соопштението на обвинителството.

Потсетуваме, во нивниот хангар во селото Мојановиќи кај Подгорица пристигна товар со дрога во вредност од 100 милиони евра, а Марина на рочиштето, според црногорските медиуми, изјавила дека нарачала банани од добавувач со кој соработувале за години.

Марина и Будимир биле приведени кога во нивниот хангар бил пронајден проследен товар со кокаин, а потоа биле пуштени да се бранат.

За потсетување, минатата година во Македонија беше спроведена акција за спречување на синџир за криумчарење на наркотици кои исто така беа декларирани и спакувани во пакети за банани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!