Вие имате прво да ја знаете вистината

Додека некои држави прават очајни напори за вакцина плус, Нигерија уништи еден милион дози на вакцини против Ковид-19! (видео)

Во Нигерија се уништени повеќе од милион дози вакцини против вирусот Ковид-10 од производителот Астра Зенека, во обид да успее да се „убие“ сомнежот во јавност дека тие вакцини се извадени од оптек.

Уништувањето дојде седум дена откако здравствените власти објавија дека неколку дози на вакцините донирани од Запад имаат рок на употреба и се употребливи само неколку недели.

На депонија во Абуџа, булдожер ги искрши вакцините од компанијата Астра Зенека, кои беа спакувани во картонски кутии и пластика додека новинарите и здравствените службеници гледаа.

Фајсал Шуаиб, извршен директор на Националната агенција за развој на примарната здравствена заштита, им изјави на новинарите дека недостатокот на залихи од вакцини на континентот ја принуди Нигерија да зема дополнителни дози, иако знаејќи дека тие имаат краток рок на траење.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!