Вие имате прво да ја знаете вистината

До денес се уште не се знае зошто Ван Гог го отсече увото: Постојат три теории

За состојбата на познатиот сликар се напишани и книги, но историчарите и експертите се уште не се договориле за причината поради која Ван Гог се поттикнал да си го отсече увото.

На 23 декември 1888 година, во пресрет на Божиќ, холандскиот сликар Винсент ван Гог во состојба на тешка депресија си го отсекол долниот дел од левото уво. Тој подоцна го овековечи чинот со автопортрет на кој се гледа закривеното лево уво. Ван Гог наводно го завиткал тоа парче уво во весник и го однел кај својата омилена проститутка и ја замолил внимателно да го чува. Ван Гог за малку ќе искрварел таа ноќ, а две години подоцна се самоубил.

Постојат неколку теории зошто Ван Гог си го отсекол увото. Во тоа време живеел во т.н Жолтата куќа во провансалскиот град Арл на југот на Франција. На гости кај него дошол познатиот сликар Пол Гоген. Работеле и живееле заедно во Жолтата куќа, ги врзувало силно пријателство. Нивната врска била многу интензивна, а се шпекулира дека биле во љубовна врска. Извесно време живееле заедно, хранејќи ја својата нефункционална врска со издигнување до небото, кое наизменично се менувало во највулгарни навреди. Гоген често му викал на пријателот, а потоа му велел дека без него ќе биде никој и ништо, а Ван Гог молчејќи го слушал и се опивал од евтино вино. Кога ќе му дојдело преку глава, Гоген почнувал да фрла чаши, чинии и се што било на дофат на раката.

Кога Гоген ќе се разбудел среде ноќ, ќе можел да го најде Гог како зјапа во него. Кобната ноќ Гоген излегол на прошетка, затоа што сакал да побегне од Ван Гог од кого се повеќе се плашел. Во еден момент слушнал чекори зад него, се свртел и го видел Ван Гог како оди зад него со жилет во раката. Тие се загледале неколку секунди, а потоа Ван Гог се свртел и си заминал. Подоцна истата вечер си го отсекол увото. Така се појави една теорија – дека Ван Гог си го отсекол увото поради расправија со пријател.

По инцидентот, Ван Гог завршил во болница, а потоа и во психијатриската болница Сен Пол де Мозол, во околината на Сен Реми де Прованс, на југот на Франција, каде бил една година.

Повеќе од 150 лекари се обиделе да ја дијагностицираат неговата психичка состојба, а тие варираат од шизофренија, порфирија, сифилис, биполарно растројство до епилепсија.

За време на престојот во Сен Реми де Прованса, тој помина низ фазите на најголемото лудило и во тој период е создадена неговата најпозната слика Ѕвездена ноќ.

Една година подоцна се преселил во близина на Париз, а на 27 јули 1890 година се застрелал и умрел два дена подоцна.

Друга теорија за неговата состојба го вклучува и Гоген. Тој наводно бил толку луд од постојаните промени во расположението на неговиот пријател, што наводно во еден момент му рекол на ван Гог дека си оди и дека повеќе не сака да живее со него. Ван Гог го удрил со чаша во бесот. Гоген, многу вешт во мечување, реагирал така што со меч му го отсекол увото на својот пријател.

Иако го повредил, Ван Гог не сакал да го пријави пријателот во полиција, туку рекол дека сам си го отсекол увото. На тој начин го спречил пријателот да оди во затвор.

Сепак, некои историчари имаат трета теорија. Така наведуваат дека мотивот за ваквата одлука најверојатно била веста дека неговиот брат се верил.

Според податоците на едно истражување, Ван Гог ја дознал оваа вест токму на денот кога си го отсекол увото, на 23 декември 1888 година. Експертите веруваат дека ова сознание го запрепастило и го исплашило Ван Гог дека засекогаш ќе остане сам, без пари, односно без финансиска поддршка од неговиот брат, кој му овозможил да го живее животот што го водел.

Веста многу го вознемирила и предизвикала да се повреди. Венчавката на неговиот брат можеби не била клучната причина, но таа го поттикнала и интензивирала неговото инаку деструктивно однесување.

Но, и денес нема одговор која била причината што Ван Гог извадил жилет и му го отсекол увото, има и книги кои се занимаваат со таа тема, но ниту една теорија не е прифатена како целосно точна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!