Вие имате прво да ја знаете вистината

Европа во паника! Енергетската криза затвара многу големи фабрики

Кризата е толку многу сериозна што ги принудува дел од фабриките да го намалат производството или целосно да прекинат со работа.

Фабриката за алуминиум, Dunkerque Industries France, го ограничи нивното производство во последните две недели поради високите цени на електричната енергија, додека фабриката Trafigurin Nyrstar, ќе го паузира производството во својата топилница за цинк во Франција се до првата недела од јануари. Романскиот производител на ѓубрива Azomures исто така го прекина производството.

Electricite de France SA, минатата недела објави дека ќе затвори четири реактори, кои сочинуваат 10 отсто од нуклеарниот капацитет на државата, со тоа дополнително оптоварувајќи ги електричните мрежи кои веќе се соочуваат со проблемите од студеното време. На почетокот на јануари, 30 отсто од нуклеарните капацитети на Франција ќе бидат исклучени од мрежата, со што ќе се зголеми зависноста од природен гас, јаглен, па дури и нафта.

Зголемените цени на гасот и електричната енергија веќе ги принудија европските комунални гиганти, од типот на RWE AG до Uniper SE, да ги зголемат барањата за ликвидност. Многу помали добавувачи ја немаа истата опција, а повеќе од 20 од нив престанаа да работат само во Велика Британија.

Снабдувањето со електрична енергија во Франција е толку ограничено што нацијата започнува со согорување на мазут.

Електричната енергија произведена со гориво се искачи на највисоко ниво за повеќе од еден месец, покажуваат податоците на мрежниот оператор RTE.

Снабдувањето ќе биде толку скудно во текот на зимата што француската струја за февруари ќе се тргува по цена од 1.000 евра за мегават-час. Цените се зголемија толку брзо што Европската берза за енергија (ЕЕХ) во вторникот ја зголеми максималната цена за внесување нарачки, усогласување на трговијата и регистрирање на трговијата со фјучерси на електрична енергија на 3.000 евра за мегават-час, од поранешната цена од 999,98 евра порано.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!