Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина им ги помати сметките на инфлуенсерите: Имаат рок од десет дена да си ги подмират трошоците кон државата!

Кина им даде рок од 10 дена на своите интернет ѕвезди да ги платат даноците откако наметна голема казна за еден познат инфлуенсер.

Во понеделникот, инфлуенсерката Виа, позната во Кина по нејзините ТВ видеа, беше прогласена за виновна за даночна измама и осудена да плати рекордни 1,3 милијарди јуани (181 милион евра).

Должност на секој граѓанин е да си ги плати даноците, соопштија вчера од даночната управа. Тие додадоа дека на ѕвездите им дава рок до крајот на годината да  пресметаат даноци и се заканија во спроивно со големи санкции.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!