Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко си заминува !? Белорусија оди на референдум во февруари следната година

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека референдумот за уставните промени на земјата ќе се одржи во февруари 2022 година.

Референдумот ќе се одржи во втората половина на февруари, најави Претседателот на Белорусија на средбата со членовите на комисијата и работната група за измени на Уставот во Минск.

Според него, во периодот на дискусија за нацртот на овој Устав, тие ќе се стремат уште еднаш да погледнат колку суштински предлози ќе даде народот, во рамките на работната група, а потоа ќе ја одржат и завршната средба на Уставната Комисијата.

Со веќе подготвен нацрт-законот, откако Уставната комисија ќе ги разгледа резултатите од работата на нашата работна група и ќе ги одобри, нацрт-уставот ќе го изнесеме на референдум, изјави белорускиот лидер.

За потсетување, Лукашенко на 16 март го потпиша Указот за формирање на Уставна комисија која се занимава со уставни измени. Комисијата брои 36 членови. Таа ги претстави своите предлози на шефот на белоруската држава, но Лукашенко го врати нацртот за ревизија кон крајот на јули. Додека пак на крајот од август, Комисијата му испрати на претседателот ревидирана, конечна верзија на предложените измени на Уставот.

Претходно Лукашенко вети пред народот дека ќе поднесе оставка по усвојувањето на амандманите од Уставот. Комисијата за подготовка на амандмани веќе започна со работа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!