Вие имате прво да ја знаете вистината

Лука Дончиќ има корона: Нов малер за словенечката суперѕвезда

Словенечкиот кошаркар и играч на Далас, Лука Дончиќ е позитивен на корона вирусот и е во ковид протоколот на НБА лигата, објави ХИНА.

Дончиќ најпрвин имаше полесна повреда на коленото, а потоа повреда на скочниот зглоб. Последните два натпревари ги пропушти поради проблеми со повреди, а поради двете повреди вкупно пропушти девет од последните седумнаесет натпревари. Дончиќ требаше да се врати во тимот против актуелниот шампион Милвоки, ноќта од четвртокот кон петокот, но сега ковид протоколот на НБА е неговиот нов проблем.

Дончиќ нема да игра на натпреварот против Јута. Дончиќ оваа сезона имаше просек од 25,6 поени по натпревар со 8,5 асистенции и осум скока. Тој им се придружи на соиграчите Тим Хардавеј, Макс Клебер и Џош Грин во протоколот за здравје и безбедност.

Далас моментално е осми во Западната конференција со резултат од 15 победи и 15 порази.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!