Вие имате прво да ја знаете вистината

Мило Ѓукановиќ позитивен на Ковид-19: Кабинетот на црногорскиот претседател тврди дека има благи симптоми и се чувствува добро

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е позитивен на корона вирусот, соопштија вечерва од неговиот кабинет, а пренесува подгорички Вијести.

Ѓукановиќ има благи симптоми и се чувствува добро.

Согласно епидемиолошките мерки, Ѓукановиќ е во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски, се наведува во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!