Вие имате прво да ја знаете вистината

Мислеле дека можат да го надгледуваат преку „бејби монитор“: Го пронашле детето премрзнато дури утрото

Двегодишно дете премрзнало во австриската општина Урфар, кога ја напуштило куќата во потрага по своите родители.

Детето било само во куќата, во текот на ноќта, бидејќи родителите биле кај соседот, но мислеле дека преку „бејби мониторот“ можат да го следат детето и да слушнат кога се разбудило.

Но, очигледно е дека уредот не им пратил аларм на родителите кога вечерта детето излегло од дома.

Родителите дури во раните утрински часови забележале дека детето го нема и го нашле надвор од куќата.

Двегодишното дете се смрзнало, а лекарите од Брзата помош не можеле да го реанимираат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!