Вие имате прво да ја знаете вистината

„Најубавиот остров во Азија“ избришан од лицето на земјата по супер тајфунот: „Излеговме и помисливме – го нема повеќе“

Уредените хотелски комплекси меѓу мангровите дрвја и плажи со бел песок на филипинскиот остров Сиаргао се подготвуваа за враќање на туристите по пандемијата на коронавирус, но добрите туристички резултати беа попречени од лошото време во форма на супертајфунот Раи.

Овој рајски остров, идеален за сурфери, е прогласен за најдобар остров од престижното списание Conde Nast Traveler. Наместо да собира крпи и празни шишиња шампањ од подот, персоналот на хотелот мораше да ги собере остатоците од пустошот што го остави супертајфунот што го опустоши централниот дел на Филипините за време на викендот, убивајќи најмалку 400 луѓе, а еден милион останаа без покрив над главата.

Раи удри со сета своја сила во Сиаргао, остров во форма на солза. Тој ги урнал столбовите на далноводот и палмите, оштетил згради и го искршил познатото дрвено шеталиште Cloud 9, популарно за гледање зајдисонце и паузи за сурфање, пишува Телеграф .

Видеата на социјалните мрежи сведочат за застрашувачката сила на невремето кога стигна до копното. Туристите се стуткаа до ѕидот, завиткани во сино-бели крпи.

Во блискиот спортски комплекс, каде што десетици локални жители бараа засолниште, се слушнаа врисоци од луѓе кои се стискаа во аголот додека ветровите со брзина од 195 километри на час го откорнаа покривот, кршејќи ги плочите на земја.

Ден по невремето излеговме надвор и помисливме „ова сега е Сиаргао, го нема“, изјави Клаудија Мендоза (27), готвачка во одморалиште на плажа.

Тајфунот, кој ги надмина сите очекувања, беше катастрофален за туристичките агенции, кои штотуку почнаа да се опоравуваат со намалувањето на ограничувањата и со нетрпение ја очекуваат многу потребната парична инјекција за божиќните празници.

„Сите беа толку среќни, на островот повторно беше живо. Потоа одеднаш дојде бура“, рече Мендоза.

Повеќе од 600 туристи беа евакуирани од Сиаргао во текот на неделата, но стотици илјади локални жители низ регионот погоден од супертајфунот останаа во нивните огништа за да се обидат да ги обноват своите животи.

Хуманитарните работници предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи спасувачките операции се во тек во оддалечените региони отсечени од поплавените патишта.

Повеќе од 500 луѓе се повредени, а десетици се водат како исчезнати. Филипинските власти бараат помош со храна, вода и засолниште, додека оштетените патишта, поплавите и прекините на електричната енергија и комуникациите го отежнуваат спасувањето и испораката на помош.

Според ОН, дури 1,8 милиони луѓе страдаат од последиците од тајфунот Раи, од кои 630.000 морале да ги напуштат своите домови.

Филипинскиот огранок на Црвениот крст извести за „целосно уништување“ на крајбрежните области по минувањето на тајфунот.

Залихите со храна брзо исчезнуваат и сега се многу мали, а се стравува дека жителите на најпогодените области ќе останат целосно без храна, изјави градоначалникот на градот Тубајон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!