Вие имате прво да ја знаете вистината

Неверојатен изум! Јапонец направи телевизор кои можете да го лижете за да го осетите вкусот на храната од екранот!

Јапонски професор развил прототип на телевизиски екран кој може да го лижете и кој може да го долови вкусот на храната што се прикажува на екранот, што е уште еден чекор кон создавање на мултисензорно искуство за гледање.

Уредот наречен Taste the TV (TTTV) користи мала палета од 10 вкусови, кои во комбинација создаваат вкус на одредена храна. Примерокот за вкус потоа се тркала на хигиенска фолија преку рамен ТВ екран за гледачот да го проба вкусот.

Во ера на пандемија со Ковид-19, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, изјави Хомеи Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.

Целта е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како јадење во ресторан од другата страна на светот, дури и додека седат дома, изјави тој.

Професорот работи со тим од околу 30 студенти кои произведоа различни уреди за ароматизација, вклучително и вилушка што го прави вкусот на храната побогат.

Тој изјави дека минатата година направил прототип на TTTV и дека производството на комерцијалната верзија ќе чини околу 700 евра.

Потенцијалните апликации вклучуваат учење на далечина за готвачи, како и дегустација на храна но и различни игри и квизови, изјави тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!