Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕВИДЕНО ОТКРИТИЕ ВО КИНА: Совршено сочуван ембрион од бебе од диносаурус пронајден во јајце! (ФОТО)

Палеонтолозите пронајдоа невиден фосил на бебе диносаурус свиткано во јајце во Ганжу, Кина. Фосилизираното јајце е долго околу 17 cm, се проценува дека бебето диносаурус има должина од 27 cm од глава до опашка.

Палеонтолозите го нарекоа 70 милиони години стариот фосилизиран ембрион „Бебе Џинглијанг“ по историскиот музеј на каменот Џинглијанг во Кина, каде што се чува фосилот. Според студијата објавена во iScience , јајцето за прв пат било откриено во 2000 година, но вработените во музејот го оставиле во магацинот пред 10 години, за да го пронајдат повторно за време на градежните работи минатата година. Сликите на ембрионот покажуваат фосил на завиткано бебе диносаурус во лушпа од јајце.

Палеонтологот професор Стив Брусат, кој беше дел од истражувачкиот тим, на Твитер објави дека ембрионот е на работ на излегување. Коавторката на студијата, Дарла Зеленицки, рече дека пронаоѓањето на фосилите на ембрионските диносауруси во карактеристична положба за време на испилувањето е неверојатен настан.

Тоа е неверојатен примерок. Работам на јајца од диносаурус 25 години и никогаш не сум видел нешто слично – изјави Зеленички за Си-Ен-Ен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!