Вие имате прво да ја знаете вистината

Некогаш Кралица на попот, денеска кралица на фотошопот! Мадона не прекинува да ги разбеснува својте фанови (фото/видео)

Можеби Мадона некогаш ја носеше титулата „Кралица на попот“, но сега се повеќе е поблиску до титулата „Кралица на фотошопот“.

Критиките кон неа не престануваат со месеци, а таа не се двоуми да сервира повеќе фотографии и контент на нејзините социјални мрежи од ден на ден. Искрено таа може да прави што сака и што ја прави среќна, но нејзините обожаватели се убедени дека на тој начин ја расипува сликата што ја има изградено за себе, и самата се прави предмет на очај што не му доликува на некој кој има толку голем дел од шоубизнисот низ светот.

Последната серија на објавени фотографии, започна голема дискусија во коментарите, но и на социјалната мрежа Твитер, а повеќето се согласуваат со едно мислење – Мадона одамна го изгубила компасот во желбата да изгледа што помладо и да се натпреварува со новите генерации. Мадона го разбуди гневот кај нејзините фанови со новите објави поради прекумерната употреба на фотошоп.

Таа беше критикувана и откако се фотошопираше на фотографијата од модното снимање со нејзината ќерка Лурд, поради што и рекоа дека би било убаво да блесне но не како има 25 години, и дека нема потреба да се докажува. 

Најавено е дека пејачката сега од некоја непозната причина повеќе од времето ќе го поминува дома, а се шпекулира дека е во прашање снимање на нова музика или дека всушност има проблем со вирусот Ковид-19, а како последна причина може да биде некоја нова нејзина хируршка интервенција, иако таа не откри што е причината за нејзината изолација дома.

Некое време ќе останам заглавена во куќата, па ќе ви донесам слатки комбинации, напиша поранешната поп дива во описот на фотографијата која ја сподели пред некое време на социјалните мрежи, и на истата протекоа низа нови критики кон неа:

„Еве како изгледате во 60-тите кога сте милионер и знаете како да користите фотошоп“, „Пластично и евтино“, „Уште една фотосесија со нереално лице“. „Ослободете се Мадона! Ослободете се од притисокот да бидете млада. Секој ја знае проклетата вистина “, беа само дел од коментарите оставени на фотографијата.

Секако, имаше и такви кои ја бранеа со зборовите дека нејзиниот Инстаграм е место каде треба да бидат нејзините обожаватели, а не хејтери, како и дека има право да прави што сака.

Сепак, хејтерите овојпат беа погласни. Можеби тоа немаше да биде случај да не беше неодамнешниот конфликт со нејзиниот поранешен пријател, раперот, 50 Cent, кој јавно ја прозиваше поради нејзиниот изглед, а таа му одговори дека е само љубоморен затоа што таа не изгледа толку добро како неа.

Факт е дека таа во последно време навистина го разбуди гневот на Интернет поради покажувањето на задникот, голите гради, како и поради скандалозното однесување во емисиите и тврдењето дека не направила ништо на себе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!