Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавени охрабрувачки резлутати од најновите истражувања: Хоспитализацијата на заразени луѓе со Омикрон е помала!

Според студијата на колеџот Империал во Лондон објавена претходниот ден, ризикот од хоспитализација кај пациенти заразени со видот Омикрон на вирусот Ковид-19, е за 40 до 45 отсто помала отколку кај пациентите заразени со Делта видот на вирусот.

Општо земено, според спроведената студија во која се покажува намалување на ризикот од хоспитализација за видот Омикрон во споредба со видот Делта, е во просек за сите случаи во текот на периодот кога е правена студијата, велат британските истражувачи.

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште нема доволно податоци за новиот вид Омикрон за да каже дека е попренослив од видот Делта, но има податоци кои укажуваат дека стапките на хоспитализација се помали, изјави техничкиот директор на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, предупреди дека видот Омикрон ќе стане доминантна варијанта во Европа до почетокот на 2022 година и дека се потребни уште три до четири недели за да се утврди сериозноста на болеста што ја предизвикува овој нов вид на вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!