Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон тропа на Македонска граница. Потврден првиот заразен со Омикрон во Србија

Новиот вид на вирусот Ковид-19, Омикрон, пристигна на територија кај нашиот северен сосед, Србија, потврди др. Тања Јовановиќ од Медицинскиот факултет во Белград.

Како што изјави таа, Омикрон бил регистриран кај еден од примероците земени од патници кои пристигнале од Боцвана.

Пред Србија, Омикрон беше регистриран на територијата на Балканот во Хрватска, Црна Гора и Грција.

Оваа варијанта на вирусот, односно видот Б.1.1.529 на Ковид-19, првпат се појави во Јужна Африка. Досега оваа варијанта е дијагностицирана во повеќе од 40 земји.

Симптоми на кои треба да внимавате се:

Течење на носот,
Чешање во грлото,
Сува кашлица,
Главоболка,
Замор,
Кивање,
Ноќно потење,
Болки по целото тело, со акцент на болки во долниот дел на грбот.

Што е другата разлика, кај заразениот со видот Омикрон, тоа е фактот што во мал број случаи има губење на чувството за вкус и мирис.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!