Вие имате прво да ја знаете вистината

Повторно стана епидемиолог, Бил Гејтс: Пандемијата би можела да заврши во 2022 година

Варијантата Омикрон се шири толку брзо, а штом ќе стане доминантна во една земја, бранот таму би требало да трае помалку од 3 месеци. Ова е мислење на милијардерот Бил Гејтс.

Ситуацијата може да биде лоша во следните неколку месеци, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата може да заврши во 2022 година, напиша тој на Твитер, но предупреди дека можеби влегуваме во најлошиот дел.

Моите блиски пријатели веќе го имаат направено, а јас ги откажав повеќето од моите планови за одмор, рече основачот на Мајкрософт, мислејќи на новата, позаразна верзија на коронавирусот.

Омикрон се шири побрзо од кој било вирус во историјата. Наскоро ќе биде во секоја земја во светот. Големата непозната е колку нè разболува. Треба сериозно да го сфатиме додека не дознаеме повеќе за него. Дури и ако е за половина потежок од Делта, тоа ќе биде најлошиот бран што сме го виделе досега бидејќи е многу заразен, рече Гејтс.

Знам дека е фрустрирачки да влеземе во уште една празнична сезона со Ковид-19 кој не надвиснува. Но тоа нема да биде засекогаш. Еден ден пандемијата ќе заврши и колку подобро ќе се грижиме еден за друг, толку побрзо ќе дојде тоа врееме, повика тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!