Вие имате прво да ја знаете вистината

По Израел, предлогот за воведување на четврта доза го разгледуваат Велика Бртианија и Германија

Велика Британија размислува да воведе четврта доза од вакцината против вирусот Ковид-19, која би можела да се прими по четири месеци од третата или така-наречена бустер доза, со цел да се запре ширењето на новиот вид на вирусот, Омикрон.

Германија и Израел веќе ја разгледуваат оваа опција и се на чекор пред усвојување на истата.

Давањето на вториот сет бустер дози го разгледуваат британските експерти од Мешовитиот комитет за вакцинација и имунизација, објавија британските медиуми.

Експертите моментално ги разгледуваат нивоата на имунитет обезбедени од третата доза, како и бројот на хоспитализирани луѓе заразени со видот Омикрон.

Лицата со ослабен имунитет веќе можат да ја примат четвртата доза, а постарите лица и лицата со нарушено здравје наскоро би можеле да ја добијат и со тоа да го зголемат својот имунолошки статус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!